Утрински Весник
Свет

Уште еден земјотрес по само неколку часа кај Петриња, граѓаните коментираат дека се тресело силно

Уште еден земјотрес по само неколку часа кај Петриња, граѓаните коментираат дека се тресело силно

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Петриња, на длабочина од девет километри.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните се огласија со коментари по потресот, за кој што тврдат дека бил доста силно почувствуван.

„Не лажете, и ова беше 4, какво 2,4 “, напиша еден од сведоците на земјотресот.

„Петриња добро се заниша“, додаде друг.

„Како експлозија ја потресе куќата“, вели трет.

Пред само неколку часа посилен земјотрес во Петриња ги вознемири граѓаните. Бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за штети по двата потреса.

Можете да прочитате

Се шири снимка стара 10 години: Што му кажа Хилари Клинтон на Трамп за Путин

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда