Утрински Весник
Македонија

Се надевам дека оваа традиција нема да биде прекината, порача Пендаровски од манастирот Прохор Пчински

Се надевам дека оваа традиција нема да биде прекината, порача Пендаровски од манастирот Прохор Пчински

„Се надевам дека традицијата на овој чин од исклучително значење за нашата земја нема да биде прекината од политички, црковни или други причини“, рече претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во обраќањето до медиумите, по средбата со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во просториите на манастирот Прохор Пчински. Државниот врв на Северна Македонија е во работна посета на Србија по повод одбележувањето на Денот на Република Северна Македонија, на местото каде на 2 август 1944 година на АСНОМ беше поставен темелот на современата македонска држава.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски посебно се заблагодари за тоа што македонската делегација годинава беше пречекана од државниот врв предводен од претседателот Вучиќ.

„Не дека минатата година не беше на високо ниво, но голема работа е кога претседателот на таа земја ќе те сретне на територијата на друга земја, поради чин што е од најголемо значење за вашата земја, рече тој, пренесува порталот Слободна реч.

Како што додаде, се надева дека традицијата ќе продолжи и нема да биде прекината од „политички, црковни или други причини“, а делегациите на двете земји повторно ќе се сретнат следната година на истото место, поради почит кон најголемите македонски народни херои.

Можете да прочитате

Подобрувањето на политичката понуда е клучен чекор кон подобра демократија

По 4.000 за секое прваче во оваа општина

Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија