Утрински Весник
Македонија

Трет ден потрага по 30-годишниот маж кој исчезна во езерото Глажња

Трет ден потрага по 30-годишниот маж кој исчезна во езерото Глажња

Трет ден трае потрагата по триесет годишниот жител кој влезе во водите на езерото Глажња во Липково и не излезе. Во потрагата се вклучени нуркачите од специјалната единица „Тигар“, Дирекција за заштита и спасување, како и нуркачи од Батаљонот за специјални сили Волци на Армијата.

dobivaj vesti na viber

Мештаните и роднините на исчезнатото лице по кое се трага се на лице место и се понудија за помош.

Видливоста на водата денеска е подобра за разлика од претходните денови.

Сличен случај имаше пред две недели кога се трагаше по 29-годижен маж, кој исчезна. Несреќниот настан се случи во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош.

Седум дена подоцна беше извлечено безживотното тело на мажот.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва кај мостот „Беласица“ – две екипи на Итната помош на терен

Сообраќајка на мостот во Аеродром – мотоциклист повреден

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата, но никој не собира храброст за протест