Утрински Весник
Македонија

(Видео) Гори галијата во Вардар

(Видео) Гори галијата во Вардар

Пожар изби во галијата кај „Холидеј ин“. Противпожарната бригада на Скопје е на терен. Огнот е локализиран, но гасењето се уште трае, а облаци црн чад се креваат во центарот на Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Опожарена е внатрешноста на галијата. Имаше и чад и оган, сега огнот е локализиран. На терен се дванаесетмина пожарникари и три возила“, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје за „Макфакс.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Ова не е првпат галијата да биде опожарена. Кусо откако Град Скопје во 2021 година почна да ја урива, пожар изби во нејзината внатрешност, а пожар имаше и во март годинава.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, почна да ја урива галијата летото 2021 година оти биле исполнети условите да се раскине договорот со закупецот, не платил три кирии по ред, но уривањето сопре и покрај најавите дека есента, истата година таа целосно ќе биде отстранета од коритото на Вардар.

Закупец на галијата беше компанијата „ЕМУС сервис АД Скопје“ која поведе судски спор против Град Скопје и уверуваше дека градските власти немаат основ да ја уриваат.

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид