На Лејди Гага засекогаш ќе ѝ недостасува Тони Бенет.
Електро-поп дивата која освои награда за видеото „Покер фејс“ му оддаде искрена почит на нејзиниот покоен пријател и соработник – со кого направи два албума, Cheek to Cheek во 2014 година и Love For Sale од 2021 година, како и појавување на неговиот албум Duets II од 2011 година.
По смртта на долгогодишниот пријател, кој почина на 21 јули на 96-годишна возраст, Гага пишува за магичната моќ што ја имале кога работеле заедно.
Во својат објават на „Инстаграм“ сподели и фотографија на која се прегрнати.
„Тони и јас имавме магична моќ. Се транспортиравме во друга ера, заедно ја модернизиравме музиката и ѝ дадовме нов живот како пеачко дуо. Нашиот меѓусебен однос беше многу реален, вистински.
„Секако дека ме научи за музиката, за животот во шоубизнисот, но исто така ми покажа како да одржувам добро расположение, весел дух и исправена глава. Секогаш ми велеше: рамно напред. Беше оптимист, веруваше во квалитетна работа. И квалитетен живот.“
„Плус, тука беше и благодарноста…Тони секогаш беше благодарен. Служеше во Втората светска војна, маршираше со Мартин Лутер Кинг Џуниор и, пееше џез со најголемите пејачи и свирачи во светот.
На Тони му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2016 година, што значеше дека Гага можеше да се збогува доста долго од ветеранот. Таа инсистираше на тоа дека 59-годишната старосна разлика меѓу нив никогаш не била важна.
„Иако меѓу нас имаше пет децении, тој беше мој пријател. Мојот вистински пријател. Нашата разлика во години не беше важна – всушност, ни даде нешто што ниту еден од нас го немаше со повеќето луѓе.“