Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите од ДУИ да ги активираат оставките и да одиме на избори

ДУИ: Има европско ориентирани пратеници во редовите на ВМРО ДПМНЕ
Img 7972

Убаво е што ДУИ почна да се подготвува за падот на оваа влада. Оставките кои ги поднесоа нека ги активираат и да се оди на брзи избори за народот да се отараси од ова криминална и корумпирана власт, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ по условените оставки од страна на ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека времето во опозиција и на СДС и на ДУИ добро ќе им дојде да се реформираат и да си подготват добра одбрана кога ќе одговараат за криминалите кои ги направија во овие години.

„Народот воопшто не е потресен доколку некој министер од оваа влада си поднесува оставка, туку напротив тоа го гледа како меѓу чекор до конечен пад на оваа власт. Изборите се единствениот излез од ќорсокакот во кој ја доведоа Македонија.

Ги охрабруваме министрите, посебно овие од ДУИ кои депонираа оставки, да се охрабрат уште малку и да ги активираат. Убаво ќе биде да се соочат со народот поскоро и да видат што мисли тој за нивната работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

„Франкенштајн” на Театарот за деца и младинци ја доби наградата на публиката на фестивалот МЕСС во Сараево

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Манасиевски: Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче