Утрински Весник
Македонија

(Фотогалерија) Забави од утро до мрак и полни плажи – Охрид за луд помин, Струга за лабава атмосфера

(Фотогалерија) Забави од утро до мрак и полни плажи – Охрид за луд помин, Струга за лабава атмосфера

Полни плажи, забави од утро до мрак, трка за место. Вака изгледа охридско-струшката ривиера овој викенд. Слободните плажи од рано наутро имаат пешкири, маси и столици, додека оние кои се приватни – немаат слободни лежалки. Овие неколку денови пред „Илинден“, речиси и да нема разлика помеѓу Струга и Охрид, бидејќи двата градови се преполни од туристи.

dobivaj vesti na viber

Луди журки се прават од Градиште до Оревче. Како и секоја година, овие плажи се преполни со млади. Се ужива од утро до мрак. Актуелни хитови, ди-џеј, музика од српско до странко, алкохол.

Од другата страна на ривиерата, на плажата „Бисер“ во Калишта – лабава атмосфера, тивка музика и туристи кои воглавно се странци, покрај домашните.

Локалот покрај Охридското Езеро и сонцето – доволни за локалот да биде полн. Место, сепак се наоѓа. Плажите во центарот на Струга се исто така полни до последно место.

Не изостанаа забавите и на плажите во охридската месност Св. Стефан.

Изминативе два дена и цела идна недела, најголемите забави се во Охрид. Вечерва настап има Пол Ван Дајк, додека утре, настапуваат „Рибља Чорба“. Идната недела започнува и „Охрид колинг“. Концерти имаат и други српски ѕвезди, актуелни за младите.

Можете да прочитате

Во Скопје уапсени двајца турски државјани осомничени за обид за убиство

Пешак удрен од автомобил во Липково

Излезноста во Брвеница до 11 часот е 9,11 отсто