Утрински Весник
Македонија

Младо момче излета со „мерцедес“ од патот кај Велес

Прегазен малолетен пешак во Кавадарци

Дваесет и четиригодишно момче од Велес со автомобилот излетало од патот и се здобило до тешки повреди.

dobivaj vesti na viber

Полицијата објави дека несреќата се случила на магистралниот пат Штип-Велес, а момчето управувало „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки.

„Т.М.(24) излетал надвор од коловозот. Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

Можете да прочитате

Приведен жител на Росоман поради нарушување на јавниот ред и мир, физички напад и закани кон градоначалникот

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има уставни измени без гаранции