Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници во еден од најплодните делови на нашата држава. Со одлука на Владата, укинато е спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, реагира СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека лажат за рудниците.

dobivaj vesti na viber

„ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, се всушност оние кои ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници.

Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година и на таа одлука потпишан е Зоран Ставревски тогашен Заменик претседател на Владата и десна рака на Никола Груевски.

Позитивно мислење за Иловица дале Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство, но и сегашниот потпретседател на ДПМНЕ и близок соработник на Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски.

Затоа пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за рудникот во Иловица.

И покрај тоа што ДПМНЕ со своите одлуки ја ставија државата во судски лавиринти, СДСМ, како одговорна партија, продолжува да ги користи сите механизми за да се спречи отворање на рудници во Струмичкото поле.

Интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!