Утрински Весник
Македонија

Пожарот кај Демир Капија е локализиран – хеликоптерот на МВР го гаснеше огнот

Пожарот кај Демир Капија е локализиран – хеликоптерот на МВР го гаснеше огнот

Локализиран е пожарот кај Демир Капија.

dobivaj vesti na viber

Пожарот го гаснеше територијалната против пожарна единица, а на помош беше испратен и едниот од двата хеликоптери на МВР.

„Хеликоптерот  со ведро од 3 тона дејствуваше во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија“, информираше првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Вториот хеликоптер на МВР заедно со авионот на Дирекцијата за заштита и спасување попладнево се упатија во Гоцевата шума во Неготино каде избувна многу силен пожар. Огнената стихија предмалку беше ставена под контрола.

Можете да прочитате

Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Малолетник возел мопед во спротивна насока во Велес и избегал од полициска патрола

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години