Утрински Весник
Македонија

30 дена притвор за осомничениот за обидот за убиство врз струшкиот началник

Претепана жена вработена во управа во затворот во Бугарија, била удрена со предмет по глава

Судија на претходна постапка одредеди мерка притвор во траење од 30 дена, за осомничениот С.Н. од Велешта поради обидот за убиство врз струшкиот началник на полицијата.

dobivaj vesti na viber

Претходно, Обвинителството информираше дека додека началникот бил во својот автомобил, осомничениот го престигнал во близина на Медицинскиот центар во Струга и паркирал паралелно со него. Најпрвин започнал да му вика и да му се заканува дека ќе го убие со пиштол, обвинувајќи го началникот дека постојано испраќал полициски службеници да го следат.

Началникот излегол од возилото и меѓу нив настанала кратка физичка пресметка, по што ги раздвоиле случајни минувачи.

Потоа струшкиот началник влегол во автомобилот за да повика полиција, но во тој момент осомничениот го препаркирал возилото зад него, излегол со нож во раката и му нанел расекотина под долната вилица кон вратот, со должина од 11 и со длабочина од 5 сантиметри.

Веднаш потоа избегал од местото на настанот, по што беше приведен.

Можете да прочитате

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во Демир Хисар

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид

Александар Саша Димитријевиќ се ожени – свадба со партиски врв во „Риас“