Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Само за Мицкоски македонската и европската агенда се различни

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, велат од СДСМ

Македонската агенда е европска и европската агенда е и македонска агенда, а единствен што ги става во конфликт е Христијан Мицкоски, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„За прв пат после 32 години независност, кога граѓаните се определија државата да стане дел од НАТО и дел од ЕУ, еден политичар вели дека европската агенда не е иста со македонската агенда што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата.

Мицкоски да каже кој е неговиот план, да го каже својот став и да ја каже алтернативата, бидејќи нема разлика помеѓу европската агенда и македонската агенда за евроатланска интеграција.

За продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени, кои се дел од преговарачка рамка, усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатена од македонското собрание од политичари од различни политички партии.

Предложените уставни амандамни не задираат во ниту едно идентитетско прашање, се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи кои до сега не биле дел од Преамбулата, меѓутоа биле наведени под други.

Со тоа практично се демантираат сите оние невистини, лаги, хистерија што ДПМНЕ ја креваше во текот на изминатата година во однос на тоа дека во Македонија ќе се случила бугаризација и асимилација“, се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани