Утрински Весник
Свет

Повторно пожари на југот на Италија, сѐ уште критично на Сицилија

Повторно пожари на југот на Италија, сѐ уште критично на Сицилија

Италијанската провинција Апулија на Јадранското Море повторно е загрозена од пожарите, кои и денеска горат на југот на Италија, а некои од нив сѐ уште се гаснат на северот на Сицилија, пишува германската агенција dpa.

dobivaj vesti na viber

Вчера, пожарот во провинцијата Лече на полуостровот Саленто стигна до некои куќи и се приближи до брегот. Во меѓувреме, евакуирани се викендичките.

„Пожарникарите ги ставија под контрола критичните пожари во Угент во текот на ноќта“, изјави портпаролот на италијанската телевизија додавајќи дека ситуацијата е олеснета.

Во пожари беше зафатена и една фарма во Пуља и беа уништени многу маслинови дрвја. Пожарникарите на југот на Италија, меѓу Сицилија, Сардинија, Апулија и Калабрија, учествувале во повеќе од 3.200 интервенции од минатата недела, додаде противпожарната станица.

Во меѓувреме, противпожарните бригади продолжуваат да го гаснат пожарот на северот на Сицилија околу градот Палермо. Но, ситуацијата повеќе не е критична како изминатите денови, велат тие. Најмалку три лица загинаа во пожарите што горат од крајот на минатата недела.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет