Утрински Весник
Македонија

„Еуромакс ресоурцес“: Ако се повлече одлуката за спојување на концесиите, тоа би било преседан

ДОМ: Владата да не дозволи рудник во Иловица

Најавата за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би била преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото, реагира инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“ откога Владата на седница ја повлече одлуката донесена пред еден месец, со која ги спои двете концесии на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица“.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата велат дека треба да се почека одлуката за повлекување на концесиите, првин да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување. Потоа во координација со нивните правни тимови, од „Еуромакс ресоурцес“ најавуваат дека ќе ги преземат сите конкретните чекори за заштита на нивните права како инвеститор.

„Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во ‘Еуромакс ресоурцес лтд’, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за поведување меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот ‘договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите’, склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република Северна Македонија. Со оглед на фактот дека формално известување за иницирање процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред поведувањето меѓународна арбитражна постапка и таа може да се поведе на барање на инвеститорите и/или бордот на ‘Еуромакс ресоурцес лтд’ во секое време без одолжување“, велат од компанијата.

Како што додаваат, дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија „Еуромакс ресоурцес лтд“ е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета.

„Самиот факт дека одлуката за спојување, бр. 41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во ‘Службен весник’ бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Северна Македонија“, додава компанијата.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!