Утрински Весник
Магазин

Маргот Роби ги отплатила долговите на својата мајка со хонорарот од првата голема улога

Маргот Роби ги отплатила долговите на својата мајка со хонорарот од првата голема улога

Кога имала 20 години, Австралијанката Маргот Роби, ѕвездата на „Барби“, се преселила во Америка за да продолжи со холивудската кариера.

dobivaj vesti na viber

На почетокот ѝ било тешко, добивала мали улоги, а нејзината мајка Сари Кеслер зела кредит и ја ставила куќата под хипотека за да ѝ помогне финансиски.

По филмот „Вистински момент“, Маргот во 2013 година доби улога во„Волкот од Волстрит“ на Мартин Скорсезе. За тој филм добила голем хонорар и првото нешто што го направила со заработените пари е да го исплати целиот износ на заемот на својата мајка.

„Таа ја стави куќата под хипотека, ми позајми пари, а јас секогаш знаев дека морам да ѝ ги вратам тие пари.

„Дента кога заработив доволно пари за целосно да го отплатам долгот ѝ реков: мамо, не треба повеќе да се грижиш за кредитот. Го нема,“ рече Маргот во една прилика и додаде: Искрено, секој на мое место би го направил тоа за својата мајка.“

Мајката откри дека Маргот сакала да биде актерка од 12-годишна возраст. „Мислев дека е тешко да се биде актер и да се заработат добри пари. Бев загрижена дека сака да тргне по пат кој, според мене, нема многу голема иднина.

„А сега Маргот ми вели: требаше да имаш повеќе верба во она што можам да го постигнам,“ изјави Кеслер во интервју за „Вог Австралија“ пред неколку години.

„Апсолутно сум благословена што е во ситуација кога го сака она што го работи, што е независна и што основаше своја компанија.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста