Утрински Весник
Македонија

Вработените во МИА на протест против игнорантскиот однос на Владата: бараат покачување на платите

Вработените во МИА на протест против игнорантскиот однос на Владата: бараат покачување на платите

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) излегоа на протест со барање за зголемување на платите.

dobivaj vesti na viber

„Прв пат по 25 години вработените во МИА се принудени преку протест да бараат остварување на нивните права. Денешниот протест е поради игнорантскиот однос на Владата кон барањата за зголемување на платите, согласно Колективниот договор и усогласување на трошоците за живот“, истакна Марина Илиевска, вработена во МИА.

Таа појасни дека вработените во оваа новинска агенција месец дена чекаат барањето за зголемување на платите да биде ставено на седница на Влада и оти истото е предвидено со финансискиот план за 2023 година. Тоа според Илиевска, нема да доведе до дополнително оптоварување на државниот буџет.

Основен предуслов како што рече Илиевска, за слободно и професионално новинарство е стабилната социо-економска состојба на новинарите и медиумските работници. Поради потпросечните плати на вработените, како што нагласи, МИА се соочува со одлив на кадар.

Таа нагласи дека протестот на вработените ќе продолжи се до исполнување на нивните барања а ако не наиде на дослух кај Владата истиот ќе се радикализира.

Протестот се организира и со поддршка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумските информативни агенции (СМИА).

Претседателот на синдикатот, Павле Беловски истакна дека тие даваат целосна поддршка на протестот.

„МИА е во вазална состојба секогаш кон Владата. Нема да застанеме тука, ќе најдеме трајно решение за МИА. Проблемот тлее 25 години, нагласи Беловски. Додаде дека синдикатот веќе има решение за проблемот а тоа како што појасни е преку носење на закон со кој ќе се раскине врската МИА-Влада-Медиуми.

Според најавите предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, се најавуваат порадикални чекори.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим