Претстојното соло патување во Африка на принцот Хари може или да го оптовари неговиот петгодишен брак со Меган Маркл или да ги открие силните страни, тврди експерт за односи.
Хари се подготвува да отпатува сам во Африка за да сними документарен филм за „Нетфликс“. Објавено е дека Хари „сака да се пронајде“ на патувањето – без сопругата и мајка на своите деца.
По пишувањата на медиумите дека нивниот договор со „Нетфликс“ може да виси на конец, Хари наводно сака да сними документарен филм. Докементарецот ќе биде за Африка, дознава „Мирор Ју Ес“, додвајќи дека принцот ќе тргне по стапките на својата мајка, принцезата Дијана.
Но, сега кога Хари наводно се подготвува да полета со авион во Африка од Монтесито, Калифорнија, експерт проценува како неизбежноста војводата и војвотката да бидат физички разделени кога тој работи на проектот може да влијае на нивниот меѓусебен однос.
И додека парот се соочува со гласини за развод и раздор, професионална терапевтка и експерт за односи, Сали Бејкер од Working On The Body, рече дека тоа може или да го оптовари нивниот брак или да ги открие скриените сили.
Говорејќи ексклузивно за The Mirror US, Сали рече: „Природно е дека големите животни настани и надворешните околности можат длабоко да влијаат на бракот, на добро или на лошо. Соло патувањето како принцот Хари во Африка може потенцијално да ја оптовари врската, особено во период кога кружат гласини за развод.“
Таа додаде: „Меѓутоа, потешкотиите можат да откријат и скриени силни страни и, на крајот, да ги зближат паровите. Со напор и посветеност, времето поминато раздвоени може да обезбеди перспектива и уважување.“
Сали потоа заклучи: „Се надевам дека имаат добро обмислен план за повторно поврзување и дека се во состојба да комуницираат низ сите предизвици што ќе се појават. Односите се сложени и важно е да реагираме со сочувствување“.