Утрински Весник
Магазин

Купете евтина перика и добар градник, им порача Доли Партон на своите двојнички

Купете евтина перика и добар градник, им порача Доли Партон на своите двојнички

Доли Партон изјави дека е една од пејачките која најлесно може да ја имитирате, поради бујната коса и големите гради.

dobivaj vesti na viber

77-годишната икона на кантри-музиката им кажа на двојничките дека сè што треба да направат ако сакаат да го копираат нејзиниот стил, односно нејзиниот заштитен знак, е да купат евтина перика и да стават „пуш-ап“ градник за подигнување на градите.

Таа ја даде оваа изјава додека Гинисовата книга на рекорди одлучува дали собирот од 1.137 „Доли“ во Ирска може да се квалификува како најголем собир на нејзини двојници во историјата.

„Дејли мејл“ ја цитира Доли во врска со обидот за постигнување рекорд: „Ви благодарам што толку многу ме сакате. Многу лесно може да изгледате како мене.“

„Можете да купите евтина перика каде било, можете да ги подигнете градите со подметнувач ако немате таков градник“.

Кантри-ѕвездата неодамна во интервју за магазинот ОК! ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед: добри лекари, добра шминка и добро осветлување.

„Се трудам да останам млада во духот и мислам дека понекогаш тоа малку се прелева. Никогаш нема да бидам толку стара кoлку што всушност сум,“ додаде таа.

Гинисовата книга на рекорди треба да донесе одлука дали 1.137-те двојнички на Доли Партон кои се собраа во Листовел, Ирска, ќе го срушат претходниот рекорд од 250 Доли на едно место.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста