Утрински Весник
Македонија

Зголемена фреквенција на возила, метеж на „Богородица“

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу 1 час

На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

Летни температури нема, и понатаму ќе биде невообичаено ладно за месец мај!

Македонски деца пушат уште од 10-годишна возраст