Утрински Весник
Свет

Пожар беснее во близина на познато одморалиште во Анталија: шест лица хоспитализирани поради вдишување чад

Пожар беснее во близина на познато одморалиште во Анталија: шест лица хоспитализирани поради вдишување чад

Пожар беснее во близина на одморалиштето Кемер во Анталија, а пожарникарите го гаснат огнот и од земја и од воздух.

dobivaj vesti na viber

Пожарот брзо се шири низ шумата во Анталија поради силниот ветер и високата влажност, соопшти Кабинетот на гувернерот на Анталија.

На теренот има десет авиони, 22 хеликоптери и повеќе од 200 противпожарни возила.

Министерот за туризам, Мехмет Нури Ерсој објави дека изгореле речиси 120 хектари шума.

Гувернерот на Анталија, Ерсин Јазичи изјави дека локалните власти ги презеле сите неопходни мерки за да спречат ширење на пожарот во станбениte зони.

Шест лица се хоспитализирани поради вдишување чад, јавува „РТС“.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз