Утрински Весник
Магазин

Двејн Џонсон донира седумцифрена сума за да им помогне на актерите кои штрајкуваат

Двејн Џонсон донира седумцифрена сума за да им помогне на актерите кои штрајкуваат

Двејн Џонсон донираше седумцифрена сума како помош на холивудските актери кои моментно се на штрајк.

dobivaj vesti na viber

Членовите на САГ-АФТРА се без работа, а истоимената фондација (SAG-AFTRA) – непрофитна организација поврзана со синдикатот, но не е дел од него – повика 2.700 холивудски ѕвезди членови на синдикатот кои најмногу заработуваат да им помогнат на оние на кои им е потребна финансика помош среде штрајк.

Претседателот на фондацијата Кортни Б. Венс изјави за „Вараети“ дека тимот на Двејн стапил во контакт набргу откако било испратено писмо со апел за помош.

Точната сума што ја донира е доверлива, но Венс е трогнат од великодушноста на ѕвездата на „Блек Адам“.

Тој додаде: „Двејн вели: во вакво време како што е ова, јас сум тука и не одам никаде, што и да треба да направам“.

„Со овој гест испраќа голема порака до другите луѓе да го сторат истото,“ изјави претседателот на фондацијата.

Грантот ќе испорача до 1,500 долари по член, но под одредени услови – како што се здравствени проблеми или сериозно загрозен актер – доживотен член може да добие финансиска помош од 6.000 долари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста