Утрински Весник
Македонија

„Самозапалениот Груби и ДУИ ќе се обидуваат да привлечат внимание и да се спасат од подземните зделки“, тврди Лимани кој е внук на Ахмети

„Самозапалениот Груби и ДУИ ќе се обидуваат да привлечат внимание и да се спасат од подземните зделки“, тврди Лимани кој е внук на Ахмети

Актуелниот потпретседател на Беса и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, отфрла секаква поврзаност со лицето Бекир Лимани, чие пак име деновиве во јавноста е познато по запаленото возило и врската со Артан Груби од ДУИ. Лимани за „Макфакс“ вели дека неговиот покоен татко се викал Бекир Лимани, а сега има и внук под тоа име и презиме, но лицето за кое се зборува во јавноста е сосема друго и тој е од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според потпретседателот на Беса, тоа лице е тесно поврзано со ДУИ и како што вели и Груби, и од неговата партија намерно се обидуваат целиот имот да го препишат на трети лица.

„Се замозапалуваат за да станат достапни за јавноста бидејќи им се потрошиле лагите и немаат со што да излезат во јавноста. Коридорот 8, остана само на 3 и 5Д. Зелената агенда остана само во нивните зелени умови. Премиер Албанец само на хатртија и само на сон. Сега им останало да си ги самозапалат нивните канцеларии (Канцеларијата на огранокот во Кичево); Запалување на архивата во Пошта ( на времето на Рафиз Алити за да му се изгуби трагата на криминалот); Запалување на архивата во кумановскиот суд ( поради губење на траги); Запалување на „ауди“ поради губење на траги и привлекување на внимание“, вели Фатмир Лимани за „Макфакс“.

И сето ова, како што појаснува, бидејќи и Груби и Ахмети и ДУИ, ја губат нивната атрактивност и сакаат да привлечат внимание по доминацијата на опозицијата и најавата за соединување на опозицискиот фронт.

„Самозапалениот Груби и ДУИ ќе се обидуваат да привлечат внимание и да се спасат од „подземните“ зделки каде што пуштиле раце и тоа со удели во лотаријата, казината…Ќе дојде ‘бел ден’ кога ќе ги платат солзите на мајките за нивните убиени синови во Скопје, Косово и Грција, ќе ги платат сите и Ахмети и Груби и се така по ред“, додава Лимани за „Макфакс“.

Потенцира уште еднаш дека неговиот внук Бекир Лимани не е истиот за кој се зборува во јавноста, и дека неговиот внук, како што вели, живее во Кичево.

„Ние не се занимаваме со палење на возила и слично. Ама ако им изгореле, душа и срце… нека му ја мислат. Тие треба да одговараат за криминал и затајување на данок. За истото дело ќе треба да се обратите во Обвинителство и тие да докажат како може „ауди“ за заменик премиер да се води на друго име“, дециден е Фатмир Лимани во разговорот за „Макфакс“.

Лимани и претходно јавно ги критикуваше членовите на ДУИ дека ја користат позицијата за големо богатење а набргу потоа во јавноста беше објавена веста дека е запален автомобил на Артан Груби додека од надлежните имаше информација дека сопственик на автомобилот е лице со иницијални Б. Л.

Во врска со овој случај во јавноста беше споменувана и фирмата „Еуро ком лајтинг“ чиј единствен сопственик бил Беким Лимани и дека запаленото возило е на оваа фирма.

Во петокот доцна вечерта беше запален автомобил пред зградата во која живее вицепремиерот Груби и тој на социјалните мрежи во саботата на сите соседи им се извини за непријатностите на кои биле изложени. Груби на социјалните мрежи напиша дека автомобилот не е негов туку на негов соссед и им се извини и на пријателот и на неговото семејство за направената штета со палењето на автомобилот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пак денеска не сакаше да го коментира случајот. Рече дека надлежните го разгледуваат истиот.

Можете да прочитате

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Сончево со температурa до 34 степени – попладне краткотраен дожд и грмежи

Додека работниците чекаат, директорот на ДЗС добива покачување на платата вели Трендафилов