Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ајкули кај Флорида се навлекле на кокаин што го фрлаат криумчарите

(Видео) Ајкули кај Флорида се навлекле на кокаин што го фрлаат криумчарите

Морскиот биолог Том Хирд и научникот за животна средина од Универзитетот во Флорида Трејси Фанара ги проучувале ајкулите во архипелагот Флорида Кис за да видат дали кокаинот има некакво влијание врз нив.

dobivaj vesti na viber

За време на нуркање за да го набљудува однесувањето, ајкула од еден вид што вообичаено ги избегнува луѓето, се приближила до тимот и пливала на многу чуден начин. Истражувачите снимиле и ајкула која изгледа како да е под дејство на некој опијат и плива во тесни кругови и покрај фактот што нема ништо во близина.

Покрај следењето на ајкулите, научниците ставиле и слични пакети со кокаин во водата како дел од нивната студија, како и млади лебеди за да видат што прво ќе каснат ајкулите.

На нивно изненадување, ајкулите тргнале по пакетите, а не по лебедите, и почнале да ги гризаат. Една ајкула дури и украла пакет и побегнала со него.

Биологот Хирд призна дека многу различни фактори можат да бидат одговорни за чудното однесување.

Шверцерите на дрога фрлаат безброј тони кокаин во водите околу Флорида, што е транспортиран од Јужна и Централна Америка, или за да го остават кај соработниците или за да избегнат апсење. Дрогата потоа често се исфрла на брегот.

Само минатиот месец американската крајбрежна стража заплени повеќе од 6.400 килограми кокаин во Карипското Море и Атлантскиот Океан, вреден 186 милиони долари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста