Утрински Весник
Македонија

Безбедноста е врвен приоритет, реагира Владата на палењето на возилото што го користел Груби

Запалено „ауди“, кое не е сопственост на Груби, но се поврзува со вицепремиерот

Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата на Република Северна Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности, се вели во владиното соопштение испратено од Генералниот секретаријат.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок.

Можете да прочитате

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион