Утрински Весник
Македонија

Левица: До крај во борбата за укинување на банкарските провизии

Левица: До крај во борбата за укинување на банкарските провизии

Откако минатата година предлогот за законски измени на пратениците од Левица за ограничување на банкарските провизии и надоместоци не помина во Собранието, сега во повторен обид, со пратеници од власта како иницијатори повторно овие измени ќе се најдат во законодавниот дом, соопштија од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатите неколку години, од пандемијата, големите банки како Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје бележат рекордни и нереални профити директно на штета на буџетот на граѓаните. Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се сѐ поголеми од година во година“, истакнуваат од Левица.

Појаснуваат дека оваа партија останува до крај во борбата за законско решение со кое ќе се намалат и ограничат провизиите и надоместоците, со што овие навидум „безначајните“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните.

Апелираат и останатите парламентарни партии да го поддржат предлогот на Левица и за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не, како што велат, да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал.

Можете да прочитате

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место 

Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир