Утрински Весник
Македонија

Договорена потесна координација на активностите меѓу јавните обвинителства и финансиската полиција

Договорена потесна координација на активностите меѓу јавните обвинителства и финансиската полиција

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска оствари средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов со кого разговараше за потесна соработка и координација на дејствијата меѓу обвинителството и финансиската полиција во насока на обезбедување ефикасен кривичен прогон.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски и заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов.

Притоа, беше истакната важноста во следниот период да се вложат уште поголеми напори и да се покаже поголема ефективност во откривањето на незаконски стекнат имот и имотна корист од кривични дела, што ќе се ефектуира со заплена и конфискација во судска постапка.

Иванов, од своја страна, ги потенцираше и предизвиците со кои се соочува институцијата, пред се во однос на недоволните кадровски капацитети, но и потребата од усвојување на предлогот за измени и дополнувања на Законот за финансиска полиција кој е во собраниска процедура.

Можете да прочитате

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот 

Трипуновски од Гевгелија: Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи