Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Струмица, расчистени три кривични дела, украденото вратено на сопствениците

Приведен крадец од Струмица, расчистени три кривични дела, украденото вратено на сопствениците

Вчера, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 40-годишниот Г.К. од Струмица. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Кај него бил пронајден паричникот, а биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешка кражба во здравствена установа во село Водоча, струмичко и тешка кражба, при што од Б.Ц. одзел личен предмет, соопшти МВР.

Пронајдените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи