Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

По 5.000 денари линеарно зголемени платите на административците во Град Скопје

По 5.000 денари линеарно зголемени платите на административците во Град Скопје
300x250 opst2

Повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината ќе добијат административците од Град Скопје. Советот на Скопје го прифати амандманот за зголемување на платите предложен од советничката група на СДСМ во рамки на ребалансот на буџетот.

dobivaj vesti na viber

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров го одби овој амандман, како и сите останати на денешната седница, но Советот го изгласа.

Согласно одлуката, од ставката привремени вработувања се одземаат 12 милиони денари кои се префрлаат во ставката основни плати. Со овие средства се обезбедуваат за 5000 денари повисоки плати за 470 вработени во градската администрација, без јавните претпријатија и противпожарната служба.

Советот на Скопје на денешната сеница изгласа ребаланс на буџетот кој сега изнесува 7 милијарди 503 милиони денари, односно зголемен е за 408 милиони 699 илјади денари.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи