Утрински Весник
Македонија

(Видео) Агелер: Дејствијата на Камчев се предавство на граѓаните на оваа држава

(Видео) Агелер: Дејствијата на Камчев се предавство на граѓаните на оваа држава

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, порача бизнисменот Јордан Орце Камчев не само што ја нарушува довербата во правосудните органи, туку тој го предава македонскиот народ. На нејзината прва прес-конференција, на која зборува за одлуката Камчев да биде ставен на т.н. „црна листа“ на САД, посочи дека граѓаните заслужуваат институции во кои ќе веруваат. Според неа, САД презеле се што е во нивна надлежност, а останатото е на институциите во Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Злоупотребата на службената положба, перењето пари, митото, во кои господинот Камчев бил дел, не само што ја нарушува довербата во правосудните институции, туку претставува и предавство на граѓаните на оваа држава. Граѓаните заслужуваат институции во кои ќе веруваат, кои ги следат демократските вредности, кои се транспарентни и не прават компромиси“, рече Агелер.

Амбасадорката е децидна дека сите корумпирани лица мора да одговараат. Додаде дека САД реагира секогаш кога ќе има докази дека некој правел во коруптивни дејствија.

„Спроведување на законот во оваа држава зависи од институциите на државата. Но корупцијата во било која форма, не смее да биде толерирана“, додаде Агелер.

Порача дека се надева дека граѓаните на Македонија ќе побараат интегритет од тие кои ги раководат институциите.

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј