Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ирак се заканува дека ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска доколку се запали уште еден Куран

Ирак се заканува дека ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска доколку се запали уште еден Куран
Img 7972

Ирак се закани дека ќе ги „раскине дипломатските односи со Шведска“ доколку биде запален уште еден Куран, соопшти денеска канцеларијата на ирачкиот премиер Мохамед Чиа ал Судани откако демонстрантите ја запалија шведската амбасада во Багдад.

dobivaj vesti na viber

„Вчера ирачката влада ја информираше шведската влада преку дипломатски канали дека ќе се придвижи кон прекин на дипломатските односи со Шведска во случај на ново палење на Куранот“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот по средбата со безбедносните претставници.

Шведската амбасада во Багдад беше запалена рано утринава за време на демонстрациите организирани од приврзаниците на верскиот водач Моктада Садр, јави агенцијата Франс прес, додавајќи дека инцидентот се случил пред протестот во Шведска каде било планирано да биде запалена копија од Куранот.

Околу 20 лица се приведени во Багдад.

Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека персоналот на амбасадата е безбеден.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори