Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Советот на Општина Центар на 26-та Седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот Урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022.

dobivaj vesti na viber

Законот за урбанистичко планирање предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, шумско и друго земјиште, крајбрежни појаси и други простори за коишто не постојат услови и/или економска оправданост за донесување на урбанистички план согласно овој Закон, а постои соодветен или некатегоризиран сообраќаен пристап, во кој случај урбанистичкиот проект се изработува врз основа на прибавени услови за планирање на просторот, нема да важи за планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината.

„Единствен дел од административната територија на Општина Центар кој не влегува во опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје за 2012-2022 година, претставува планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината и затоа со денешната одлука сакаме да ставиме крај на градбите на планината. Мојата заложба како градоначалник е да се стопира секое градење во зелениот појас, тоа го ветив пред граѓаните и тоа ќе го исполнам заедно со општинската администрација. Ниту една зелена педа на Водно нема да биде уништена“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Советниците ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин