Утрински Весник
Магазин

(Видео) Бред Пит го прави своето филмско деби во поранешна Југославија за 1.523 долари

(Видео) Бред Пит го прави своето филмско деби во поранешна Југославија за 1.523 долари

Својата прва улога во професионалната кариера Бред Пит ја остварил во американско-југословенски филм, во кој глумел заедно со Милена Дравиќ.

dobivaj vesti na viber

Актерот роден во Оклахома, подоцна преселен во Беверли Хилс, Калифорнија, шест години студирал глума. Во 1988 година ја добива првата главна улога во „Темната страна на сонцето“ (The Dark Side of the Sun) во која глуми млад Американец чие семејство го носи на Јадран за да се излечи од кожна болест.

Филмот е снимен во Котор и неговата околина во летото 1988 година, а поради распадот на Југославија, бил објавен дури во 1997 година.

Американско-југословенскиот филм е во режија на Божидар Николиќ, сценариото го напишаа Ендрју Хортон и Жељко Мијановиќ според приказна на Никола Јовановиќ. Главните улоги во филмот ги толкуваат Бред Пит, Шерил Полак и Гај Бојд.

Пит го игра Рик Клејтон, млад човек кој боледува од ретка болест на кожата и кој учи важни животни лекции на Јадранот. Милена Дравиќ глуми негова мајка. Заедно со нив во филмот глумат и Горица Поповиќ и Соња Савиќ.

Режисерот Николиќ од 400 кандидати за главна улога го избрал Бред Пит. Актерот бил многу среќен поради изборот, иако за седум недели снимање му платиле само 1.523 долари.

Неколку години подоцна, започна неговиот подем како актер – „Интервју со вампирот“ (1994), „Легенда за есента“ и „Седум“. Во 1997 година, ги сними „Семе на злото“ и „Седум години во Тибет“, и стана еден од најпопуларните холивудски актери.

 

 

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста