Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром и Муцунски казнети со 88.000 евра поради исфрлање отпад на јавна површина

„Во Аеродром конечно се гради и инвестира, тоа е причината за нервозата во СДСМ“

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, известува Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Имено, општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на булеварот АСНОМ со што направиле нова дива депонија“, велат од Град СКопје.

Рокот за подмирување на казната е осум дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати.

Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, додаваат од Градот.

Можете да прочитате

Сибирска експлозија ни следува по 20 јануари, температури и до -25°

Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци за 2026 година

„Маршот на ангелите“ одложен поради празникот Водици