Утрински Весник
Свет

Свлечиште покоси се по поплавите: Најмалку пет лица загинаа во Индија, спасувачите бараат преживеани под урнатините

Свлечиште покоси се по поплавите: Најмалку пет лица загинаа во Индија, спасувачите бараат преживеани под урнатините

Најмалку пет лица загинаа, а околу 100 се затрупани кога во лизгање на земјиштето во планинско село во западната индиска држава Махараштра по обилните монсунски дождови, соопштија денеска државните власти.

dobivaj vesti na viber

Спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, објави Ројтерс. Свлечиштето се активирало среде ноќ во селото Иршалвади, на околу 60 километри од Мумбаи, објавија медиумите, повикувајќи се на официјални претставници.

Надлежните изјавија дека во селото има вкупно 48 семејства, а околу 75 лица се евакуирани. Поради обилните монсунски дождови, училиштата се затворени, патиштата се поплавени, а железничкиот сообраќај е во прекин низ Махараштра, најбогатата држава во Индија.

Училиштата и факултетите во Мумбаи денеска се затворени.

Во неколку области во Махараштра во средата паднаа повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен, а во следните 24 часа се очекуваат обилни врнежи.

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп