Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Од 2018 година повторно се актуализира прашањето за лицата без документи

Тренчевска: Од 2018 година повторно се актуализира прашањето за лицата без документи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска, заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, министерот за правда, Кренар Лога, и претставничката на УНЦХР во Република Северна Македонија, Кристина Бунеа, се обрати на отворањето на регионалните работилници за имплементација на изменетиот Закон за матичнатата евиденција. Работилниците се организирани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР.

dobivaj vesti na viber

„Подготовката на Законот за лицата неевидентирани во Матичната книга на родените е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да ѝ помогне на оваа категорија граѓани, кои не може да си ги остварат човековите права поради непоседување документи. Предизвикот на оваа категорија лица е нотиран во 2011 година. Ако од 2011 почнеше да се решава овој проблем, досега ќе беше решен и немаше да зборуваме за неевидентирани лица во нашата држава“, рече Тренчевска.

Министерката објасни дека како Влада од 2018 година повотрно го актуализираат прашањето за лицата без документи и дека по насока на Министерството за труд и социјална политика тим од сите релевантни фактори ги посетиле населбите за кои добиле информација дека постојат лица неевидентирани во Матичната книга на родените и за нив се пополниле прашалници со цел да се изработи посебен електронски регистар, каде што се внесени околу 700 неевидентирани лица.

„Утврдената состојба на терен наложи да се изгради едно преодно решение, со кое на оваа маргинализирана група ќе им се овозможи евиденција во посебна матична книга на родени заради добивање извод од посебната матична книга на родени и идентификациска исправа заради остварување право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување“, посочи Тренчевска.

На крајот од обраќањето министерката го искажа своето уверување за тоа дека со измените на Законот за матичната евиденција ќе се пристапи кон решавање на деценискиот предизвик на лицата неевидентирани во Матичната книга на родените и ќе им се овозможат еднакви права како и на другите граѓани на Република Северна Македонија

Можете да прочитате

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ