Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски за „Иловица“: „Ако јас бев излажан, ќе барав поништување на концесијата“

(Видео) Мицкоски за „Иловица“: „Ако јас бев излажан, ќе барав поништување на концесијата“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека одобрението за концесија на рудникот „Иловица“  Владата му го дала на Владо Бучковски уште во 2006 година. Тој ја обвини Владата за двојни стандарди.

dobivaj vesti na viber

„Она што е повеќе лицемерно и со двојни стандарди е фактот што вчера имаа седница на Владата, слушнавте ли некој од овие излажаниве дека бил гласен на седницата за да се раскине договорот за да не бидат излажани? Јас не слушнав. Имаше неколкумина членови на Владата, кои рекоа дека биле излажани од страна на министерот Бектеши. Ако јас се чувствувам излажан, логично е да излезам на седница и да кажам – тој ме излажа и сакам тоа да не го поддржам и таа точка да се врати назад и да ја поништам концесијата. Јас не слушнав такво нешто од никој во Владата, а тоа е така зашто има многу лицемерство, многу криминал, двојни стандарди и многу корупција“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството