Утрински Весник
Магазин

(Видео) Девојка тврди дека „Скимс“ на Ким Кардашијан ѝ го спасил животот

(Видео) Девојка тврди дека „Скимс“ на Ким Кардашијан ѝ го спасил животот

Мидер од брендот на Ким Кардашијан спаси живот на млада жена откако била застрелана.

dobivaj vesti na viber

42-годишната основачка на брендот долна облека „Скимс“ (колекција мидери за жени со разни облини) на својата Инстаграм-приказна сподели објава на тиктокерката Анџелина Вајли, 22-годишна жителка на Канзас Сити, која преживеала масовно пукање во Канзас Сити, Мисури, претходно оваа година.

Објавата на „Тик-ток“ од 18 мај, стана вирална оваа недела со повеќе од 1.4 милиони прегледи додека колегите тиктокери ја означуваа Кардашијан со надеж дека таа ќе го види видеото.

Ким стана свесна за виралната објава на „Тик-ток“ и ја сподели на својата Инстаграм- приказна.

@honeygxd no but fr, thanks kim 😭😭🫶🏼 #fyp #foryou #gunviolence #kimkardashian #kim #skims #skimsbodysuit #gunviolenceawareness ♬ dream – 💗

„Ким Кардашијан ми го спаси животот,“ девојката вели на почетокот на клипот. Оваа Нова година ме застрелаа четири пати. Ноќта кога пукаа, под фустанот носев Скимс-боди за обликување. Беше толку тесно што буквално спречи да искрварам.“

„Дефинитивно ќе купам уште неколку за да имам за секој ден. Тоа е како панцир за жени! Наречете го ова судбина или Исус, но јас ќе го наречам Ким.“

„Ти благодарам, Ким!“

Оттогаш таа отвори веб-страница GoFundMe за да собере пари за да ги плати болничките сметки.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста