Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ако граѓаните се против, рудници не може да има

Ковачевски: Ако граѓаните се против, рудници не може да има

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека сите информации во врска со рудникот Иловица, најпрво ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија ќе ги сподели со сите медиуми.

dobivaj vesti na viber

– Вчера вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори за одлуката што ја донесе Владата, дека Министерството за економија е задолжено на наредната седница да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки кои што се водени од 2012 година до денес, кажа премиерот.

Според Ковачевски врз основа на таа информација потоа ќе се донесат соодветни одлуки за иднината на рудникот.

Притоа, вели тој ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните.

– Јасно сум го кажал, и како претседател на Владата и од политичката партија од која што доаѓам, од првиот ден, дека рудници може да има само со согласност на граѓаните кои живеат во тој регион. Ако се тие против, рудници не може да има, изјави Ковачевски.

Тој вели дека тоа не било случај со претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие имаа издадено 86 дозволи за концесии и општините, предводени исто така од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги имаа донесено одлуките за почеток на работите за отворање на рудниците. Сега тоа не е случај, кажа тој.

Ковачевски повтори дека откако ќе бидат доставени информациите до Владата, министерот Крешник Бектеши потоа ќе ги сподели со сите медиуми.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот