Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Муцунски: Состојбата со хигиената во Аеродром подобрена како резултат на новиот концепт за чистење

Муцунски: Состојбата со хигиената во Аеродром подобрена како резултат на новиот концепт за чистење
300x250 opst2

Како резултат на зачестените барања на граѓаните од минатите години, пред неколку месеци во Аеродром почна примената на новиот концепт за одржување на хигиената на јавните површини во општината. Преку успешно воспоставен модел и во постојана комуникација со жителите на Аеродром, започнавме систематски да ги решаваме локалните проблеми поврзани со одржување на зеленилото и чистење на депониите и отпадот во целата општина, велат од Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Стремејќи се континуирано да обезбедиме услови за здрава животна средина и здрава околина, како предуслов за живот со здрави навики, Општина Аеродром изминатиот период ги стави на располагање сите свои капацитети. Чистотата на јавните површини е еден од најважните императиви во реализација на нашите тековни дневни обврски, а постигнувањето и одржувањето на оваа цел е можна само со поддршка од граѓаните и компаниите, но и комуналното претпријатие на градот“, напиша градоначалникот Муцунски на Фејсбук.

Следствено на ова, веќе може да констатираме дека состојбата во Аеродром е сериозно подобрена и поразлична, а овие активности со зголемен обем продолжуваат во текот на летото, особено за време на високите температури. Комуналните служби и механизацијата на општината, со поддршка на приватниот економски оператор, тековно и навремено ги сервисираат потребите на аеродромци поврзани со одложување и чистење на сметот, а редовно се спроведува чистење и миење на јавните површини и отстранување на кабастиот отпад, се наведува во соопштението на Општината.

Можете да прочитате

47-годишен Србин починал во Катланово

Нов случај во Скопје каде заталкан куршум оштети возило, овој пат во Кисела Вода во круг на фирма

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата