Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

178 санкционирани возачи во Скопје, 54 за брзо возење

178 санкционирани возачи во Скопје, 54 за брзо возење
300x250 opst2

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 178, мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две санкции за возење под дејство на алкохол, известува МВР.

Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, велат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите