Утрински Весник
Македонија

Неколку мигранти повредени во сообраќајка, автомобилот излетал од пат, возачот избегал

Македонецот кој загина во сообраќајката кај Врање имал 25-години, со пријателите тргнале кон дома, па се враќале назад поради заборавен телефон

Вчера попладне, во 15.10 часoт на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово, на место викано „Фурска чешма“, пред крстосницата за село Дедели, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран забележале патничко возило „форд мондео“ во кое се превезувале мигранти, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Откако ги забележал полициските службеници, возачот се обидел да избега, но набргу со возилото излетал од патот и го напуштил местото, соопшти МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобило едно лице мигрант, додека со телесни се здобиле шест лица мигранти, сите од Сирија, од кои тројца малолетници, констатирани во Здравствен дом Гевгелија, додаваат од Министерството.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Со шприц полн пестицид сакал да ја отруе сопругата, ОЈО бара притвор

Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на министерот Муцунски во Литванија

Жолто предупредување од УХМР: Опасност од поплави во западните и источните делови на земјата