Утрински Весник
Македонија

Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната

Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната

Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата што нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство.

dobivaj vesti na viber

Од вчера во сила стапи делумна забрана за движење во шума во периодот од 6 до 20 часот поради заштита од пожари.

Забраната, која не го опфаќа Водно, ќе трае сѐ до процената дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое управуваат.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

Можете да прочитате

Два тона небезбедна храна се продавале во нехигиенски услови на пазар во Ченто

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Му го грабнале пиштолот на полицаец, бегале со БМВ и завршиле во банкина на автопат

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа