Утрински Весник
Македонија

Се ситни пратеничката група на ДУИ, двајца пратеници им побегнаа

Се ситни пратеничката група на ДУИ, двајца пратеници им побегнаа

Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група. Информацијата денеска ја потврди координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, откако вчера Изет Меџити најави формирање ново политичко движење.

dobivaj vesti na viber

Вторaта пратеничка што ја напушти пратеничката група е Мерита Колчи-Коџаџику.

Адеми изрази жалење што преку медиумите биле информирани дека двајцата пратеници го избрале тој пат. Според него, двајцата биле добро третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба и дадена одговорност партијата.

Во мнозинството не се менува ништо, вели Адеми, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Додаде дека има опозициски политички партии, кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива.

Можете да прочитате

Петрушевски: Протестот демек организиран од ССМ, а сите видоа дека е нивна игранка со СДС

Одземени две возила во Кичево, уапсени две лица

(Видео) Ужас во Гостивар: Татко и син 30 години не се избањале, немаат струја и вода – Од социјалното им кажале дека „немаат средства” да им помогнат