Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Граѓаните да не трошат вода на полевање бавчи и перење автомобили – Водовод апелира на рационално користење поради жештините

Граѓаните да не трошат вода на полевање бавчи и перење автомобили – Водовод апелира на рационално користење поради жештините
Img 7972

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 целзиусови степени како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, се апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.

dobivaj vesti na viber

Особено, Јавното претпријатие апелира да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци.

Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS, и потсетуваме дека дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

Можете да прочитате

Кривична пријава за скопјанец за сторено кривично дело „убиство во обид“

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Филипче наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење