Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Дилан Спроус се ожени со Барбара Палвин еден месец по објавувањето на свршувачката

Дилан Спроус се ожени со Барбара Палвин еден месец по објавувањето на свршувачката
Img 7972

Дилан Спроус е оженет човек!

dobivaj vesti na viber

За многумина кои го гледаа како палаво момче во детски комедии, ова може да биде изненадувачка вест, но Дилан денес има 30 години и викендов се ожени со својата девојка Барбара Палвин, модел и ангел на „Викторија сикрет“.

Светските шоу-биз медиуми, цитирајќи унгарски портал, објавија дека ѕвездата на „Ривердејл“ и Барбара се венчале на тајна церемонија во родната земја на манекенката, Унгарија, изминатиот викенд.

„Борс онлајн“, локален портал, тврди дека свадбата се одржала во црква во близина на унгарската метропола Будимпешта. Порталот доби и фотографии од невестата додека влегува во капела пред церемонијата, во венчаница во стил на корсет и проѕирни нараквици. 29-годишната Палвин го дополни изгледот со дијамантски чокер и преубав раскошен вел.

Спроус (30) се одлучи за едноставен црн костум со бела кошула со јака и црна вратоврска. Тој има бели цветови прицврстени на реверот што навидум одговара на цвеќето од букетот на Палвин.

Фотографии од интимниот настан беа споделени и на „Твитер“, на кои се гледа како младенците излегуваат рака под рака во нешто полабаво издание.

Изненадната венчавка доаѓа само еден месец откако парот ја објави свршувачката – и покрај тоа што всушност се свршиле во септември 2022 година.

Во нивното интервју за магазинот V, Дилан објасни дека парот не мора да чувствува потреба да биде целосно транспарентен со јавноста за нивната свршувачка во истиот момент кога таа се случила.

Парот, кој е заедно од 2018 година, ја откри веста на Инстаграм заедно со нивната свадбена тема за насловната страница на магазинот V за есен 2023 година.

„Мислам дека веридбата ми беше поголем стрес отколку свадбата“, призна Палвин. „Мислам, мажот има време да се подготви за запросувањето – Дилан го чувал прстенот седум месеци пред да го постави прашањето – но за мене тоа беше токму тогаш и таму.“

„Откако почнавме да излегуваме знаев дека сакам да се омажам за него, но тоа е голема одлука.“

Можете да прочитате

Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери

Сè што треба да знаете за новите правила за влез во ЕУ од 12 октомври

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години