Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло со температури до 41 степен

Сончево и многу топло со температури до 41 степен

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=10

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево и многу топло со со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Можете да прочитате

За три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, приведени 43 лица

Наводните задкулисни планови на претседателот Ердоган кон Македонија

Конгресменот Рајан Мекензи се приклучи на Конгресниот македонски кокус