Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Драма во популарно грчко место: жена погодена од заскитан куршум додека вечерала во ресторан

Драма во популарно грчко место: жена погодена од заскитан куршум додека вечерала во ресторан
Img 7972

Заталкан куршум погодил жена од Швајцарија додека јадела во ресторан на островот Крит.

dobivaj vesti na viber

Оваа 46-годишна жена вечерала со семејството кога почувствувала силно чувство на печење на рамото. Жената прво не била свесна што се случило, а потоа се испоставило дека била погодена од куршум, пишува „„Keeptalkinggreece“, пренесува Блиц.

За среќа таа била полесно повредена и и била укажана помош.

Според локалните медиуми, полицијата го истражува инцидентот и се сомнева дека залутаниот куршум дошол од прослава во близина на популарниот грчки остров.

Инаку, жителите на Крит сакаат да пукаат во воздух на семејни настани, а често се случува некој да се повреди, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk