Утрински Весник
Македонија

Левица: Власта го одби барањето за намалување на функционерските плати, лакомо е тие да бидат привилегирани

Левица: Власта го одби барањето за намалување на функционерските плати, лакомо е тие да бидат привилегирани

На денешната Законодавно правна комисија едногласно беше одбиено Барањето поднесено од пратениците од Левица за автентично толкување на Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката со кое би се намалиле платите на функционерите, информираат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

„Членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката е збунувачкиот член кој ги создаде сите недоумици после одлуката на Уставниот суд од месец март годинава, со која платите на функционерите се покачија за неверојатни 78%.

Цениме дека забуната е настаната со толкувањето на овој член, односно во ‘просечно исплатената месечна плата’. Имено, Министерството за финансии толкува дека тоа е Бруто плата, додека ние мислиме дека граматичкото толкување треба да биде ‘просечната исплатена Нето плата по вработен’, бидејќи ако гледаме трудово-правно, исплаќањето на платата или платата која работникот ја носи дома е Нето платата, а не Бруто платата“, потенцираат од Левица.

Како единствена политичка партија, како што велат, која потегна иницијатива за намалување на функционерските плати, оценуваат дека дека е крајно лакомо и недозволиво во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани.

„Со одбивањето на оваа иницијатива на Левица, Власта повторно докажа дека работи исклучиво за својот личен интерес и дијаметрално спротивно на интересот на граѓаните, па така, функционерските плати остануваат зголемени за вртоглави 78%“, се истакнува во нивната реакција.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

Учество на министерот Муцунски на Министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан” во Братислава

Уапсен возачот кој вчера со товарно возило удри пешак на патот Прилеп-Градско