Утрински Весник
Спорт

(Видео) Шпанската капитенка се извини на Маорите за навредливата хака

(Видео) Шпанската капитенка се извини на Маорите за навредливата хака

Ивана Андрес, капитенката на шпанската женска репрезентација се извини на Маорите од Нов Зеланд по објвувањето на видеото на кое четири шпански фудбалерки се потсмеваат со традиционалниот воинствен танц хака минатата недела пред стартот на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Фубалерката на Реал Мадрид, Андрес во понеделникот директно се извини на членовите на племето Рангитане О Манавату во Палмерстон Норт, каде што е сместена шпанската репрезентација.

„Ние сме во Аотеароа Нов Зеланд неколку дена и имаме многу да научиме за вашата култура. Сакаме да го искористиме празникот Матарики (маорска нова година) за да бараме прошка за нашите грешки и шанса да научиме повеќе“, изјави Андрес.

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот