Утрински Весник
Спорт

Шпанија ја победи Србија, убедливи победи на Црна Гора и Хрватска

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Во Фукуока, Јапонија започна Светскоот првенство во ватерполо. Одбраната на титулата Шпанија ја започна со победа над Србија 16:14. Во првото коло фаворитите забележаа победи, осбено убедливи беа Хрватска и Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на Д-групата, Шпанија по почетните проблеми и негативата од 0:2, ја презеде контролата во базенот. Со серија 7:0 Шпанците создадоа недостижна предност. Србија, во финишот со четири гола го ублажи поразот.

Гранадос ја предводеше Шпанија со пет гола, кај Србите најефикасен беше Рашовиќ со шест гола.

Во второто коло Србија ќе игра против Јужна Африка, а Шпанија против Црна Гора.

Резултати, 1. коло: САД – Казахстан 18:5, Грција – Австралија 13:9, Канада – Кина 13:10, Италија – Франција 13:6, Хрватска – Аргентина 24:5, Црна Гора – Јужна Африка 35:10, Унгарија – Јапонија 16 8.

Можете да прочитате

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри